Библиотека Струмски
Издателска дейност:
Подкрепете ни:

VMRO Lion
Македония >> "Четничкиот институт; Пропагандите; Заточеништвото на ЦМК во Подрум Кале (Мала Азија)", публикувано в "Македонската револуционерна организација и д-р Христо Татарчев", Скопје, 2017 година
Христо Татарчев от Ресен, Вардарска Македония - "Четничкиот институт; Пропагандите; Заточеништвото на ЦМК во Подрум Кале (Мала Азија)", публикувано в "Македонската револуционерна организација и д-р Христо Татарчев", Скопје, 2017 година


Увеличи
Описание

"Револуционерната идеја беше најнапред понесена од бугарската интелигенција во Македонија. Пропагандата се вршеше на почетокот исклучително насред бугарското население. Таквото ограничување се налагаше поради конспиративниот карактер; но кога револуционерната идеја закрепна во голема мера во еден дел од бугарскиот народ, нејзиното раширување низ другите небугарски народи и вероисповеди можеше да биде реализирано без страв за егзистирањето на револуционерното дело. Основачкиот конгрес на крајот од 1896 год. беше зел решение за допуштање незадоволни месни елементи без разлика на народноста и верата во конспирацијата, под услов тие да не бидат вмешани во престапни дела. ВМРО не ги делеше Бугарите протестанти во Разлошко, Радовишко, Струмичко и Тиквешко и унијатите во Кукушко, Дојранско и Солунско од Бугарите егзархисти и ги вбројуваше од почетокот во редовите на организацијата. Клерот не им се мешаше во нивните политички убедувања, ниту во нивните дејствувања, ниту пак се водеше од мотивите на Грчката патриаршија за денационализација на своето паство. Влашката интелигенција беше прва од туѓите христијански народности која пристапи во револуционерното дело. Таа се наоѓаше исто така во борба со Грчката патријаршија, која не сакаше да го дозволи создавањето на самостојна влашка општина во Битола и најпосле успеа да го реализира својот стремеж преку влијанието на бугарскиот свештеник Алтипармаков во Битола...Плејада Власи на чело со бестрашниот војвода Питу Гули, бранителот на Крушево, ја дочекаа херојски смртта за заедничкиот идеал. Меѓутоа, не така лесно се изврши привлекувањето на чисто грчкиот елемент во револуционерното движење. Една вековна борба се испречуваше пред Бугари и Грци и продолжуваше уште да биде во акутна фаза, поддржувана методично од Патријаршијата и елинските силогоси. Грчкиот елемент беше во реалноста истиснат од внатрешноста, тој егзистираше само во некои градови во Македонија и Одринско и беше задржан главно по морското крајбрежје, тој беше издигнат несомнено на високо ниво во национално сознание и култура, така што ВМРО не можеше да проникне во него и да го ангажира за општата кауза...
Меѓутоа, на друг начин беше поставено прашањето со оние несреќници во Скопско, Кумановско, Поречие и др., кои било поради морална пропаст, за пари, било поради незнаење или, пак, сиромаштија, се оддадоа на српската пропаганда. Прашањето со тие несреќници беше од кардинална важност за Организацијата бидејќи се однесуваше на единството и целоста на бугарскиот народ, врз плешките на кои почиваше заговорот. ЦМК мислеше во прво време дека тие несреќници ќе можат да се приберат во револуционерното движење преку убедување со легално дејствување врз нивното национално чувство, сознание како Бугари и на тој начин да го разрешат тоа толку сериозно национално прашање за ослободителната кауза. Тоа сфаќање се базираше на фактот што српскиот елемент не беше оставил од ефемерното Душаново владеење во Македонија никакви културни вредности, ниту беше придобил низ многувековниот турски режим свои српски населби во неа. Тој (српски елемент) почна да се појавува поединечно главно по српско-бугарската војна (1885) и се одржуваше со поткупи и репресалии врз работници од Поречието, кои бараа да се прехранат во Србија. ЦМК мислеше дека со една мудра политика, каква беше применета спрема Бугарите кои ја признаваа грчката патријаршиска духовна власт, ќе дојде во сознание за штетното и непатриотско одвојување од својата народност и ќе влезе полека во општото бугарско движење...
Секоја реформа во Македонија беше смрт за српската пропаганда. Така, кога стана востанието од оваа страна на Вардар во 1895 г., српскиот полномошен министер д-р Владан Ѓорѓевиќ во Цариград го уверувал султанот Хамид дека Србија ќе војуваа во сојуз со Турција против Бугарија ако последната си дозволи каква било акција против неа. Исто така, кога избувна Виничката афера, српската влада му предложила на министерот Стоилов договор врз база на сфери на влијание во Македонија и по одбивањето на бугарската влада, таа одново го склучува српско-турскиот договор-сојуз, кој остана во сила од Виничката афера до склучувањето на фамозниот, фатален Српско-бугарски сојуз (1912 г.) од слабоумните бугарски државници..."

(стр. 72-86)


Източник: Сканирана от оригинален екземпляр

Автор: Роденият в град Ресен Христо Николов Татарчев (1869-1952, Торино, Италия) е български лекар и един от основателите на ВМОРО. Участва в организирането на Съединението на България през 1885 година, рганизирано от Българския таен централен революционен комитет. Включва се като доброволец в Българската армия и в последвалата Сръбско-българската война. Учи медицина в Цюрих и Берлин и след завършването си работи като лекар в Солунската българска мъжка гимназия. Служи като лекар и в Българската армия през Балканската, Междусъюзническата и Първата световна война.
За повече информация за автора тук


За да прочетете книгата натиснете тук



Видяна 335 пъти.