Библиотека Струмски
Издателска дейност

Подкрепете ни



VMRO Lion
Македония >> "Мемоар од ЦК на ВМРО до Друштвото на народите од октомври 1922 г.", публикувано в "Се за Македонија : Документи : 1919-1924", Скопие, 2005 година
Тодор Александров от Ново село, Щип, Вардарска Македония - "Мемоар од ЦК на ВМРО до Друштвото на народите од октомври 1922 г.", публикувано в "Се за Македонија : Документи : 1919-1924", Скопие, 2005 година


Увеличи
Описание

"Господине претседателе на Советот,
Македонија ги има следниве природни граници: на исток реката Места и планината Родопи; на север масивите на Рила планините Осогово, Скопска Црна Гора и Шар; на запад албанските планини и реката Црн Дрим, на југ река Бистрица и Егејско Море. Таа има население од 2.301.767 души, распределени вака: Бугари - 1.096.376 или 48% од целото население; Турци - 541.615 - 23%; Албанци - 184.315 - 8%; Власи - 77.365 -3.4%; Цигани - 43.370 -1,6%; Евреи и други етнички групи 106.360 - 5%.
Македонија е разделена меѓу Грција, Србија и Бугарија. Но таа поделба е сосема случајна и вештачка. Долните теченија на реките Места, Струма и Вардар, кои ги следат главните патишта што водат од континентот до морето, се наоѓаат во границите на Грција; нивните горни и средни теченија се во Бугарија и Србија. Оттука доаѓа и економското назадување на градовите во крајбрежните и во внатрешните области, кога ќе се додаде и немањето сигурност кое се должи на омразата што ги дели управувачите и управуваните, може да се разбере зошто мизеријата на населението се зголемува. Деведесет проценти од населението на Македонија, кое ги вклучува Бугарите, Турците, Албанците, Власите и Евреите, е против таа поделба од причини што ги изложивме погоре. Тоа се придружува енергично кон својот стар идеал, да се формира една независна Македонија, ставена под заштита на Друштвото на народите или на некоја сила ополномоштена од него. Во случај некој да се сомнева во желбата на македонското население, може да се пристапи кон плебисцит."


Източник: Сканирана от оригинален екземпляр

Автор: Тодор Александров (1881-1924) е легендарен български революционер, дългогодишен лидер и една от иконите на македонското революционно движение.
За повече информация за Тодор Александров тук


За да прочетете книгата натиснете тук



Видяна 3511 пъти.