

"Почитуван господине,
Вашиот план за една југословенска федеративна република не само што не е необичаен туку и е многу разумен. Што има подобро од тоа - Црна Гора, Босна, Хрватска, Словенија, Банат, Србија, Македонија, Бугарија - да формираат една федеративна република. Така би се создала една голема држава од албанските планини до Црно Море и од Трст до Солун. Кон таа федерација доброволно и по потреба, би се присоединиле и Грција, и Албанија, па и Романија, иако несловенски земји, па таа би се проширила до општобалканска федерација. Ние особено сметаме на тоа бидејќи во Македонија, нашата татковина, освен Бугари, живеат и Грци, и Турци, и Албанци, и Власи, па кога таа ќе биде самоуправна политичка единица во федерацијата, ќе може да се уреди така за сите споменати народности да имаат исти и еднакви права.
Ние, македонските Бугари, многу страдавме и страдаме, та не сакаме ниту еден друг народ, колку и да е мал, да страда.
Меѓутоа, наивност е да се мисли дека кралот Александар и кликата околу него од офицери, политичари и професори ќе го прифатат доброволно Вашиот план.
Тие, кои посегнаа подмолно врз независноста на јуначка Црна Гора која, единствена од христијанските земји на полуостровот, не ѝ се потчини на големата Отоманска Империја - тие империјалисти братоубијци никогаш доброволно нема да се откажат од своето владеење и од својот престапен пансрбизам..."
Източник: Сканирана от оригинален екземпляр
Автор: Тодор Александров (1881-1924) е легендарен български революционер, дългогодишен лидер и една от иконите на македонското революционно движение.
За повече информация за Тодор Александров тук