Библиотека Струмски
Издателска дейност

Подкрепете ни



VMRO Lion
Македония >> "Назад кон автономијата; карактеристика на сегашната политичка положба во Бугарија", публикувано в "Одбрани дела II", Скопје, 1984 година
Димо Хаджидимов от с. Горно Броди, Серско, Егейска Македония - "Назад кон автономијата; карактеристика на сегашната политичка положба во Бугарија", публикувано в "Одбрани дела II", Скопје, 1984 година


Увеличи
Описание

"...И ние гледаме како во средината на бугарското население во Македонија, еднакво како во средината на неговата интелигенција се раѓа една нова идеја, имено идејата да се зачува Македонија цела во нејзините географски граници, па макар каква и судбина да го очекува господството на турскиот режим во неа. Идејата, значи, беше за автономијата на Македонија, за нејзината самоуправа како самостојна политичка единица, па макар и да се зачуваат формално извесни врски со Турција, каков што беше случајот некогаш со Источна Румелија. Оваа идеја е бугарска. Ова нема зошто да се крие и нема смисла да се крие. Ниту Грците, а уште помалку, ни Србите некогаш мислеле на неа, и ниту едните, ниту другите пројавуваа некаков интерес за неа, а уште помалку не пројавуваа расположби за нејзиното прифаќање како принцип во борбата против турскиот деспотизам. За Србите и нема што да се зборува. Но доколку од едни исти причини произлегуваат еднакви последици, се поставува прашањето, зошто грчкото население во Македонија не го прегрна овој природен инстинкт, од кој се роди кај Бугарите автономната идеја?...
Идејата за автономна Македонија во своето најрано народно потекло беше една идеја чиста од секакви сомненија. И токму како таква таа се појави како противдејствие на оние жестоки и истребувачки соперништва меѓу Бугари и Грци, кои непосредно по духовните борби продолжија, но веќе под знамето на националното обединение и приклучување код слободна Бугарија и слободна Грција. Бугарите во Македонија, најобесправени и најугнетувани од сите националности во Македонија, имаа еден битен мотив повеќе од овие последниве, за да му дадат на извршеното свое национално обособување еден забрзан практичен животен израз, во формата на една солуција, на еден факт.

Во расветлувањето што се даде овде за автономната идеја, јасно е дека таа испакнува како идеја која не е од локално значење. Таа не е сепаратистичка и егоистична идеја. Нека дрдорат глупости колку што си сакаат соборените орудија на довчерашната бугарска политика и нивните инспиратори од врвовите на државната управа, дека таа божем била некаков каприц на македонскиот Бугарин, којшто, сега кревал раце од Бугарија откако последнава потклекна под товарот на жртвите. На ваквото свирепо и злобно подметнување, какво што само умопомрачените можат да си го дозволат, треба да се одговори со крената глава и со длабок гнев: не! Македонските Бугари не креваат раце од Бугарија. Напротив, бугарската политика крева раце од нив, а тие се Бугари и затоа што не сакаат да паднат под туѓа власт, под која истава бугарска политика сосема спокојно ги фрла раководена од своите сопствени сметки. Жртви на таквите сметки тие не можат да станат и не ќе станат, туку ќе тргнат по својот сопствен пат, кој за среќа, е пат спасувачки и за Бугарија, спасителен за огромното мнозинство на бугарскиот народ кој има нужда од една совршено нова политика, од совршено поинаков државен режим...
Со секој ден автономната идеја придобива спонтано се нови и нови приврзаници од средината на сите етнички групи и со најголема сигурност може да се верува дека огромното мнозинство од македонското население - Бугари, Турци, Евреи, Романци, Грци и други - веќе живее со таа идеја. И доколку на Македонија й се даде државна управа според образецот на Швајцарија, со полни и еднакви права за сите националности, при употребата на сите јазици и со локална народна милиција, под знамето на автономијата ќе се наредат и сите оние коишто, по силата на надворешен притисок или сугестии, сега се колебаат отворено да го сторат тоа...."


Източник: Сканирана от оригинален екземпляр

Автор: Роденият в село Горно Броди, Серско Димитър (Димо) Хаджидимов Хаджииванов (1875-1924, София) е политически деец, журналист, ВМОРО революционер, активист на Народна федеративна партия (българска секция) и на Българската комунистическа партия.
За повече информация за автора тук


За да прочетете книгата натиснете тук



Видяна 326 пъти.