Библиотека Струмски
Издателска дейност

Подкрепете ни



VMRO Lion
Македония >> "Спомени", Скопjе, 2010 година
Димитър Мирчев от Прилеп, Вардарска Македония - "Спомени", Скопjе, 2010 година


Увеличи
Описание

"Роден сум во г. Прилеп на 23 X. ст.[ар] ст[ил] (6.XI) 1865 г. Татко ми Мирчо Тошев "Пецев" се доселил во Прилеп од селото Небрегово уште како 15-16 годишно момче. Мајка ми Злата Димова, по прекар Дишонска, произлегува од средноимотно семејство. Во почетокот татко ми бил казанџија, а потоа станал градинар (бавчанџија). Тој имаше многучлено семејство. Имав двајца постари браќа и една сестра и двајца помали и сестра....
Поради немање средства, во 1887/1888 г. станав учител во с. Ваташа (Тиквешко). Селото има околу 400 куќи, од кои 250 христијански-бугарски, а 150 помачки, пак бугарски. Во училиштето имавме 4 одделенија и I клас. Бевме двајца учители...Во селото имавме добра интелигенција: но лоши црковни претставници - Хр. Илиев и Ставре Кусиот, и двајцата народни дерикожи...
Во следната 1888/89 год. заминав за Солун за да си го продолжам образованието. Поради мојот одличен успех во V клас учителскиот совет реши да интервенира кај пансионската комисија да ми додели стипендија...Затоа што Прилеп бил тврдина на бугарштината, силна била националната свест и затоа на прилепски ученици не им доделувале стипендии...

Во Белград најдовме уште неколку наши другари. Издршката ни ја даваше друштвото "Св. Сава". Таму стапив во VI клас. Даме исто така беше запишан во VI клас. Коцев го примија како вонреден студент во Великата школа, - тој имаше завршено VI клас. Оттогаш почнува нашето дружење со Даме. Во следната 1889/90 стапивме со него на Правниот факултет, со намера да завршиме право и да заминеме во Бугарија. Но заминувањето се случи много побрзо.
Со Србите ние заемно се лажевме. Тие сакаа да не направат Срби, а ние мислевме само да завршиме и да се вратиме уште поголеми Бугари. За тоа тие самите уште повеќе не подготвија. Имаше еден член на "Св. Сава" - Милојко Веселиновиќ, многу глупав шовинист, кој мошне често ни го дразнеше националното чувство, предизвикувајќи не на чести спорови. Тој беше определен да не воспитува. Живеевме во пансион. Не тераше да учиме српски песни, но не успеваше, и Даме еднаш - двапати беше лишуван од храна...
...Но за да биде ударот потежок и за да има поголемо значење, решивме и напишавме еден меморандум до Собранието - го напиша Коцев, во кој ги изнесовме мотивите за нашето доаѓање во Белград, имено дека сме дошли да учиме како Бугари и дека на српската издршка сме гледале како на братска помош, но не и со тенденција да ни кажуваат и да бараат да бидеме Срби...

Расцепот. Списанието "Лоза"
...Беше ноември 1891 година. Се собравме во станот на Г. Баласчев, Бевме јас, Хр. Коцев, П. Арсов, Хр. Матов (тој претходната година го напуштил Универзитетот); ми се чини беше и Кл. Караѓулев; потоа К. Шахов и Евт. Спространов...Решивме да го почнеме редактирањето на списанието, каде што, како што споменав погоре, ќе се изнесуваат податоци за историјата, битот, јазикот на македонските Бугари, следејќи се што се пишува и кажува внатре во земјата и надвор од Бугарија и навремено расветлувајќи ги пред општественото мнение темните и лошо сфатени или тенденциозно изопачени страни на македонското прашање...

На 3 јануари 1910 година во Битола дојде д-р Ст. Данев со неговата госпоѓа и со еден од синовите. Неговото пристигнување беше настан за Бугарите во Битола. Веста се расшири брзо-брзо и битолчани копнееја да го видат бугарскиот министер, макар и поранешен. Данев превзел обиколка низ некои градови на Македонија, каква цел имаше не знам. Стигна на 3.I, го разгледа градот, се сретнна со граѓаните, му се покажа кој дел од градот го зазема бугарското население, колку го има во градот. На 5 истиот месец тој сакаше да си замине. Одвај го задржавме да остане на Богојавление за да го види јавноста, а и тој да ја види неа. Неговиот впечаток од огромната маса народ со шарена облека беше необичен. И тој ме праша: "Зарем сите тие се Бугари?" А Данев беше претседател на владата на Бугарија и не знаеше колку и какви Бугари има во Битола...."


Източник: Оригинален източник на книгата - Scribd.com

Автор: Роденият в град Прилеп Димитър Мирчев Тошев (1865-1938, град Вършец, Северозападна България) е български общественик и революционер, деец на ВМОРО, член на Централния комитет на организацията, един от основателите на Българското тайно революционно братство в Солун, един от учредителите на Съюза на българските конституционни клубове (легална партия в Османската империя на дейци на ВМОРО), един от създателите на Българо-турски революционен комитет (българска и турска революционна организация в Македония, създадена в 1913 г. и подчинена на ВМОРО). Мирчев е бил също така и преподавател по български език, литература и история в Солунската българска мъжка гимназия, Солунската българска девическа гимназия, в старата българска столица Търново и е бил директор на Битолската българска класическа гимназия и на Одринската българска мъжка гимназия. Автор е на учебници по български език, литература и граматика, издавани в периода 1905 - 1939 г., както и на изследването "Българската книга в Солун", публикувано в "Сборник Солун" в 1934 г. (сборника е качен в Библиотека "Струмски" за свободно четене, може да намерите статията на страници 149 - 185).
За повече информация за автора тук


За да прочетете книгата натиснете тук



Видяна 2466 пъти.