

Спомените на Даме Груев, издадени в Скопйе през 1995 г.
"Роден сум во 1871 год. во с. Смилево (Битолско). Татко ми се викаше Јован, а дедо ми - Грујо. Татко ми беше ѕидар. Најпрвин учев во селото, во кое имаше основно бугарско училиште. Учител ми беше Атанас Башев од Ресен. Потем учев од I до IV клас во Битола, а V и VI клас во Солун, од каде заминав за Белград, и таму продолжив со образованието, останувајќи таму една година и неколку месеци. Од Белград дојдов во Софија, и се запишав како студент по историја на високата школа. Тоа беше во 1889 година. Во четвртото полугодие ја напуштив Високата школа, поради познатата училишна афера со Рачо Косев, и заминав во Македонија - во Битола, каде по малу време добив назначување на егзархиски учител во своето родно село Смилево. По едногодишно учителствување тука, бев преместен за учител во Прилеп, во кој предавав во четвртото одделение на основното училиште, и во трикласното училиште. Следната година отидов во Солун, и станав коректор во печатницата на Самарџиев...
...Како што гледате јас не ги оправдувам нашите, а само ја објаснувам генезата за појавувањето и развојот на меѓусебното непријателство помеѓу Србите и Бугарите, што создаде опасна атмосфера за меѓусебна недоверба и лошо однесување, состојба на меѓусебна омраза и искоренување. Ви зборувам сосема искрено, поводот за создавањето на ваквата ужасна атмосфера го дадоа Србите; Бугарите во Македонија се однесуваат полојално отколку Грците и Србите, тоа можеби затоа што нашите таму се мнозинство и ние под своите нозе чувствуваме солидна морална почва. Бугарската девиза - политичка слобода - делува много привлечно кај народот....
...Ние со сите сили настојуваме за меѓусебно скротување и смирување на умовите. Но...доколку Србите не ги ограничат своите невозможни амбиции, не прекинат со испраќањето на чети од Кралството, со помошта на кои со насилија, убиства и шпионирање го шират србизмот, тогаш ние тешко ќе можеме да ја спречиме катастрофата. Вие знаете дека е можно општо колење на Србите во Македонија. Во градовите, паланките и големите села бројот на сознателните Бугари е многу поголемо...Ние можеме сосема да ги истребиме Србите, но ниту ние ќе поминеме лесно во тоа безумно и бесмилено вртоломејско убивање. Во секој случај од тоа ќе добијат нашите заеднички непријатели, борбата против кои ја чини нашата цел..."
Спомените са предоставени от Драмски-Скопйе.
Източник: Сканирана от оригинален екземпляр
Автор: Дамян (Даме) Йованов Груев (1871-1906) е български национален герой, деец на българското национално-освободителното движение в Македония и Одринско, един от основателите и идеолозите на ВМОРО.
За повече информация за Даме Груев тук