

"Пишувани со молив и на колено - и можеби честопати прекинувани од ненадеен поход, изоставани и започнувани после треската на лутиот бран - спомените на војводата Панчо Михајлов не претендираат строга стилизација, не тежнеат кон широките рамки на расказот. Но треската, под чие влијание се кинеле тие делови од гранитната душа на револуционерот, им дала особена убавина, која ги откупува недостатоците, што едно мирно, епско расположение и амбиент би ги отстранило. Доволно е само да се прочитаат „Срби поминаа низ селото“ и „Бадник“, за да се разбере какви прекрасни дарови на оригинален белетрист се кријат во душата на нивниот автор...“
„Вам богови на правдата и неправдата, ви ги пишам овие редови. Вие, богови, и вие исто така ги имате своите добри и лоши денови, како и ние луѓето. Во вашите убави денови вие сте создале луѓе со лице, кое никогаш не може да се заборави, со длабоки души, и топло срце, во кое живеат доброто, вистината и љубовта. Во утрото на вашиот живот на тие луѓе вие сте му го дале најубавиот кат од земјата - Македонија. Но во вашите лоши - мартовски - денови, вие сте создале луѓе со обични лица и душа, не подлабока од онаа на разбојникот. Во тие лоши денови, вие сте го создале Србинот, чие срце, по суровост и крвожедност, го поставува во сенка историскиот Нерон. За тој Србин јас ќе ви раскажам и покрај тоа што сите сте виделе и сте слушнале за него, бидејќи се наоѓате високо и гледате на далеку и широко...
...Кога се освестив, се видов врзан така силно, што градниот кош ми беше излегол чувствително напред. Пред мене стоеја вооружени и во четничка униформа кочанскиот окол. началник М. Вуковиќ и српските војводи на разбојничките чети отпадниците: Стојан Мишев„иќ“, Григор Циклев„иќ“, Мите Соџукаров„иќ“ и др.
- Тебе ли те викаат Велко ти ли си бил бугарски учител во тоа село? - грубо ме запраша началникот.
- Долги години во минатото сум бил учител, но сега дома си ги живеам последните денови, за разонада на децата - му одговорив јас.
- Зошто зборуваш на бугарски јазик? - вторпат ме запраша началникот, стрелајќи ме со остриот поглед.
- Бугарин сум и на тој јазик сум зборувал уште како дете. На тој јазик сум ги учел децата...
- Замолкнете го тој пес и неговата душа нека се слее со пламенот на неговата куќа! - бесно викна началникот.
Ренегатите се фрлија врз мене и започнаа да ми ставаат јамка околу вратот. Во тој момент во собата влезе остар дим, измешан со пламени. Ренегатите со неколку скока се најдоа надвор од собата. Во последната јас останав сам, мирно чекајки да ме обземе пламенот и во него да го пронајдам крајот на својот пат на земјата. Во соседната соба слушнав офкања и викови: „курви“, „разбојници“. „Не ви е грев и срам“ и потоа силно офкање и тишина. Разбрав, дека моите снаи пред да бидат силувани и убиени, беа и ограбени. Се слушаше само звукот на гредите што паѓаат од пламенот и жално виење на Шарко. Кога веќе изгубив секаква надеж за живот, еден задишан војник трчајќи влезе во собата, која набрзо ја прегледа со погледот и кога ме виде, свиен во топка, се спушти над мене и ми рече: „Не се плаши, дедо. Јас сум војник, Хрват по народност и дојдов да ти помогнам!“ и брзо ги пресече јажињата и ми ги ослободи рацете, ме фати за раката и ме поведе низ огнените улици. Стигнавме до шумата, каде ми рече: „Вам ви се потребни планините!“ - ме ослободи...
Голем молк е вечна темнина бродат низ селото, низ чии руини сега висат гнезда на зли птици. Клети мајки, со бебиња сирачиња, потпрени стојат околу изгорените огради и губат поглед во непрегледната далечина, па низ крвави солзи го чекаат изгревот на Македонија...Јунаци, голема тага се лее во моето срце и сака да затемне се. О, Македонијо, Македонијо, името ти е скрб.“ Солзи бликнаа низ неговите стари очи, се задави, заплака и молкна...."
Книгата е цензурирана, оригиналът: "В страната на сълзите".
Първото издание на книгата е дело на Йосиф Чешмеджиев.
(Спомените са предоставени от Драмски-Скопйе)
Източник: Сканирана от оригинален екземпляр
Автор: Роденият в град Щип Панчо Михайлов Апостолов Мечкаров (1891-1925, София) е доброволец в Македоно-одринското опълчение на Българската армия през Балканските войни, офицер от Българската армия през Първата световна война, Кочански околийски войвода на ВМРО, български учител и фолклорист.
За повече информация за автора тук