

Со создавањето на ТМРО, уште во првите наредни години таа влијаеше да се создаваат месни организации во одделни краишта на Македонија. Уште во почетокот на 1894 година во Кратово бил создаден "Револуционерен кружок". Негови основачи биле — Јосиф Даскалов и Пант. Кусев. За проширување мрежата на Организацијата во Кратовско многу придонела дејноста на Гоце Делчев, кој по тоа време беше учител во Штип. Тогаш многу значаен револуционерен пункт во Кратовско стана Лесновскиот манастир и тоа благодарејќи на неговиот игумен Козма „еден од најпреданите и воодушевени приврзаници на Делото“. Оваа прва фаза на организациона активност во Кратовско бёше прекратена со познатата „Виничка афера“ (1897) која ce прошири и во Кратовско, во која пострадаа организационите раководители — Јосиф Даскалов и игуменот Козма.
Во 1900 година револуционерната организација во Кратовско
одново се активира под околиското раководство на чело со Стоил
Антов, од с. Сакулица (Кратовско), како и Трајче Антов, којшто
бил главен учител во Кратово во учебната 1900/901 година· Повидни
раководители во Кратово, во 1903 година биле: Ванчо Шатев (којшто
бил и член на Скопскиот окружен комитет на ВМРО)и учителите —
Михаил Монев, Тошев и Ананиев. Од 1903 година во Кратовско
веке имало реонски и околиски чети. Меѓу војводите на овие чети
бил познат: Диме Стојанов — Берберчето (родом од Велес) којшто
дошол во 1903 г. со чета од Бугарија организирана од „внатрешните“
и ги обиколувал селата вршејќи притоа организациона активност.
Во периодот на Илинденското востание (за кој ќе станува збор
понатаму) истакнат околиски војвода во Кратовско бил Атанас Бабата, којшто бил „врбуван“ во Бугарија од Горче Петров за четник
и испратен во Кратовско. Toj и војводата Јордан Спасов „одиграа
голема улога при организирањето на вооружената четничка борба
и беа едни од најдобрите борци против врховизмот“.
Преку Кратовско водел канал по кој Задграничното претставништво на ВМРО праќало оружје и материјали од Бугарија за Македонија и по Héro поминувале чети за Македонија и обратно за Бугарија. Toj канал поминувал, главно, преку местата: Гуешево (во Бугарија), преку Рамна Нива, с. Костур, Станци, Кркле, Б'з, Дрен'к, Луково и натаму за светиниколскиот реон...
Източник: Сканирана от оригинален екземпляр
Автор: Александар Апостолов (род. 1920 г.) е македонски историк, роден в Злетово. Докторирал на тема "Колонизацијата на Македонија во стара Југославија".