Библиотека Струмски
Издателска дейност

Подкрепете ни



VMRO Lion
Македония >> "За востанието и против него", публикувано в "Спомени", Скопје, 2014 година
Ангел Узунов от Охрид, Вардарска Македония - "За востанието и против него", публикувано в "Спомени", Скопје, 2014 година


Увеличи
Описание

Откъс от спомените на Ангел Узунов, издадени от ДАРМ (Државен архив на Република Македонија) през 2014 г. в Скопие.

"...Се чувствуваше дека нешто ги вознемирува луѓето, секој нешто очекуваше со нетрпение и истовремено со нескриен страв. Решението на Солунскиот конгрес отворено се ширеше низ селата и градовите и претставуваше една сенародна тајна. Имаше раздвижување дури и меѓу Турците – сѐ почесто по улиците на градот се гледаа вооружени заптии, внимателно се проверуваа документите на тие што доаѓаа во Скопје и на тие што го напуштаа. На станицата удвоената стража тешко ги пропушташе патниците – ги пребаруваа и луѓето и багажот.
И Бугарите и Турците нешто очекуваа, а тоа сѐ упте не доаѓаше. Атентатите во железничката линија Солун-Цариград кај реката Ангиста, како што подоцна разбравме, извршени од Гоце Делчев, не дадоа знак за востанието кое сите го очекуваа. По еден месец, во текот на три дена – на 16, 17 и 18 април 1903 година – бомбите на "гемиџиите" го потресоа Солун. Последиците од атентатите се добро познати во Солун апсења, тепања и претреси и повеќе од 350 души предадени на суд; во Битола хајки од разбојници жестоко ги напаѓаа бугарските маала, разурнуваа, ограбуваа, колеа, измачувааа; во Велес, родниот град на повеќето од "гемиџиите", беа уапсени и измачувани нивните блиски и многу граѓани, сите биле обвинети дека им помагале на атентаторите со пари...

Денот 20 јули 1903 година беше ден на св. Илија – празничен ден за сите христијани. Тоа беше повод да се опуштат срцата, да се постави побогата трпеза, да се пречекаат гости и, се разбира, најпрво да се оди во црква. Со старата Николова отидовме во црквата "Св. Богородица", останавме малку, потоа таа посака да отидеме во црквата "Св. Илија", онаа малата, која е позната по својот иконостас...
...Тетка Славка беше дома – тукушто се прибрала, само што ја извадила својата шапка со букетче цвеќиња кое мене многу ми се допаѓаше. Ми се виде сосем изменета – ме поздрави не така како што го правеше обично. Шуштеше со своето здолниште од тафта по целата соба, ги разместуваше предметите без никаква основа...Јас сакав да станам, но таа се спушти кон мене, клекна меѓу моите нозе и незадржливо заплака. Олеснета од солзите, кои обилно течеа по нејзините испакнати образи, таа го крена лицето кон мене, со затворени очи и испрекинато прозборе:
– Ангелко, почна, Ангелко... Бог да нѐ чува, срце мое...Довечер, довечер востанието ќе се крене...Последни зборови ѝ беа придушени од нејзиното плачење, но јас ги разбрав....

...Врвна точка на Илинденското востание во Охридско несомнено е битката кај Рашанец. Таа месност долго пред востанието била избрана од Охридскиот револуционерен комитет за главна база на востанието. Добро скриена од сите страни, со густа шума и поволна за одбрана, таа ги имаше сите услови за еден добар и удобен логор, каде што можело да се складираат храна, оружје, муниција. Тука беше организиран и пункт за медицинска помош, работилница за поправка на оружјето, кои ги раководеле брат ми Андон и Христо Пармаков..."


Източник: Оригинален източник на откъса от книгата – scribd.com

Автор: Роденият в Охрид Ангел Димитров Узунов (1886 - 1975, София) е подофицер от Българската армия, депутат в македонската парламентарна група в XXII обикновено народно събрание на България, чиновник в Министерството на финансите на България, ВМОРО и ВМРО революционер, брат на легендарния охридски ВМОРО войвода Христо Узунов.
За повече информация за автора тук


За да прочетете книгата натиснете тук



Видяна 173 пъти.