Библиотека Струмски
Издателска дейност

Подкрепете ни



VMRO Lion
Македония >> "Поведението на македонските револуционерни и интелектуални сили за време на Балканските воjни", публикувано в сб. "Балканот: луѓе, воjни и мир. По повод 100-годишнината од Балканските воjни", Скопje, 2015 година
Зоран Тодоровски от Скопие, Вардарска Македония - "Поведението на македонските револуционерни и интелектуални сили за време на Балканските воjни", публикувано в сб. "Балканот: луѓе, воjни и мир. По повод 100-годишнината од Балканските воjни", Скопje, 2015 година


Увеличи
Описание

Научен доклад на Зоран Тодоровски, изследващ поведението и позициите на "македонецот на 20. век" Кръсте Мисирков и на ЦК на ВМОРО по време на Балканските войни.

Според Крсте Мисирков, Првата балканска војна не се водела за „зголемување на територијата на Бугарија, туку за ослободување и за обединување на бугарскиот народ“, односно дека првата војна Бугарите ја воделе „како ослободителна, а не како освојувачка“, а дека Србите и Грците, не запазувајќи ги своите сојузнички договори со Бугарија, ја претвориле „првата војна во освојувачка“. И покрај тоа што за време на Втората балканска војна главната цел на Бугарија била „ослободување на Македонија од нејзините нови поробувачи“, Бугарите, според Мисирков, го исполниле својот „национален долг пред Македонија“, поднесувајќи ја дури загубата на Добруџа и повторното освојување на Тракија од Турците.
Во својот Дневник, Крсте Мисирков запишал дека жртвите што ги претрпел бугарскиот народ за Македонија и напорите што биле вложени за нејзино ослободување, не биле „овенчани со успех“ и уште појасно покажувале колку била скапоцена за „бугарскиот народ светата за секој Бугарин Македонија“, која му била одземена со лукавство и со нарушување на договорите од Србите и од Грците. Од поднесените жртви за Македонија, како што пишува тој, Бугарија била материјално ослабена, но зајакната „духовно и морално“, продолжувајќи дека „духовно-моралните и политичките последици од губењето на Македонија, кои целосно и коренито ја променија политиката на Бугарија во полза на зближувањето со Тројниот сојуз и со Англија“, во блиска иднина ќе се одразат со востановување на „бугарските права и на бугарското влијание на таа исконски бугарска земја“.
Загубата на Македонија за бугарскиот народ, според Мисирков, била мошне забележлива, при што Бугарите не само што не можеле да се помират со неа туку мошне жалеле поради тоа што Бугарската влада не ја избегнала војната и не се задоволила „со автономија на Македонија под турско владеење“.
Мисирков смета дека војната на Бугарија за Македонија била неопходна „од гледна точка на националните интереси на Бугарите“, дека војната не била срамна, туку херојска, а со неа била „извршена втора поделба на Бугарија“.
Во писмото до министерот за надворешни работи на Русија од 7 мај 1913 година, Мисирков пишува: „Ние, македонските Бугари, кои во текот на последните 35 години гледавме само руски конзули – гробокопачи на бугарската нација во Македонија, би сакале Русија и нам, барем сега, да ни помогне да се спасиме од српското ропство, како што порано ги ослободи од турското ропство другите балкански православни народи“. (...)

По развојот на воените дејства и на опасноста од распарчување на Македонија, како и чувствувајќи дека се подготвува ново ропство, ЦК на ВМОРО на 6 декември 1912 година упатил Мемоар до бугарскиот цар Фердинанд во кој, предупредувајќи го царот на опасноста од грабителските замисли на Србија и Грција спрема Македонија, му предочил дека „Внатрешната организација застанала на идејата најпрвин да дејствува само за автономија на Македонија, имено за да ја спаси од расцепување“.
Укажувајќи во Мемоарот дека „Внатрешната организација, верна на својот скап завет да работи за слободата на целокупна Македонија“, ЦК на ВМОРО барал од царот „да се заложи со сите средства да се избегне каква и да е поделба на Македонија“, додавајќи: „Вашето Величество нека биде уверено дека за таа цел може да смета на помошта на македонскиот Бугарин до неговата последна капка крв“.
Спротивставувајќи се на спорните зони на територијата на Македонија во договорите на сојузничките балкански држави, ЦК на ВМОРО на 16 мај 1913 година објавил Декларација во која „навремено и категорички“ изјавил дека „ако македонското прашање не се реши така како што сака тој, нема да ја прекине својата револуционерна дејност и дека во виорот на борбата нема да се двоуми да се послужи со сите средства со кои располага, без да води сметка за Женевските и за другите меѓународни конвенции".


Източник: Сканирана от оригинален екземпляр

Автор: Зоран Тодоровски от град Скопие е македонски историк (историчар), директор на Държавния архив на Р. Македония, автор на множество трудове на историческа тематика.


За да прочетете книгата натиснете тук



Видяна 1136 пъти.