"Ние, македонските Бугари, не му верувавме многу на звучниот збор „општословенски интереси" и дури и го мразевме тој збор, бидејки на него беа основани плановите на Србија да не пороби, со благонаклонетата помош на словенска Русија, која, заборавајки ги сопствените интереси, подготвена е да им помогне на сите Словени, наивно верувајки им на сито. И испадна дека сме во право...
...Жртвите претрпени од бугарскиот народ за Македонија, напорите што беа вложени за нејзино ослободување и не беа овенчани со успех покажуваат колку битен дел од бугарскиот национелен организам претставува за Бугарите привремено изгубената Максдонија.Пролеаната за неа бугарска крв и жртвите поднесени од Бугарите уште појасно ќе му покажат на секој Бугарин и на надворешниот свет колку е скапоцена за бугарскиот народ светата за секој Бугарин Македонија, која му беше одземена со лукавство и со нарушување на договорите од Србите и од Грците...
...Територија на Србија, во споредба со поранешната, ке се зголеми речиси двојно, но во составот на населението ке има повеке од една третина Бугари. Постојано ке се врши емиграција на Бугарите од Македонија во Бугарија. Можеби дури ке започнат и четнички движења, придружувани со жестокости на српската војска. Четниците може да навлегуваат и од Албанија. На тој начин, не е далеку до погранични судири и до нова војна. Во интелектуален и културен однос, Македонија нема да ja засили Србија и овие две земји постојано ке бидат туѓи меѓу себе, особено поради тоа што Србите насилно влегоа во Македонија како освојувачи и извршија безбројни насилства. Тие секогаш и ќе бидат освојувачи и владејачки народ во однос на месните Бугари. На Србите нема да им успее да им го всадат српскиот патриотизам на македонските Бугари, бидејки, како прво, карактерот па Србинот е сосема спротивен на карактерот на македонскиот Бугарин и, како второ, филолошките и историските трактати на Србите се крајно тенденциозни и ja извртуваат реалноста, а ова извртување, кое е незабележливо за странците, апсолутно е очигледно за македонските Бугари. Така српскиот патриотизам, кој тие можеа да го воспитаат кај своите македонски воспитаници во српските училишта-интернати пред српското навлегување во Македонија, сега ќе почне да се намалува, бидејќи војната им даде можност на македонските Бугари да ja запознаат опачината на српскиот национален карактер и српската „култура". Македонскиот Бугарин секогаш само ќе го презира грубиот и фалшив српски народ. Симпатиите на македонските Бугари секогаш ке бидат насочени кон Бугарија...
...Секој Бугарин уште од детството треба да биде свесен дека многу славни страници на подалечното и неодамнешното минато се поврзани со Македонија. Неопходно е односот на Бугарија спрема Македонија и Македонците да биде потопол, посрдечен и понежен од односот на Србите, чии усилби за всадување српски патриотизам неизбежно треба да бидат придружени со насилства, а да не зборуваме за тоа дека бугарското население во Македонија, заплашено од жестокостите на Србите за време на војната, во душата секогаш ќе ги мрази Србите како свои поробувачи...Во предавањата од бугарската историја треба исто внимание да им се посветува на неточната и на западната половина на бугарскиот народ, а според тоа историјата на Македонија треба да биде рамноправен дел од општобугарската национална историја, а не само жален додаток на историјата на неточна Бугарија, како што беше досега. Во историјата на бугарската литература исто така треба да се запази рамноправност мегу источно-бугарската и западнобугарската...
...јасно е дека споменатата статија на г. Кузнецов беше првото облаче што се наближуваше над бугарскиот хоризонт. Таа покажуваше дека г. Гучков позеленел од завист кон Бугарите. Впрочем, својот презирен однос спрема нив тој не го криеше во својата руска средина, каде што јас бев случаен гостин. Во врска со прашањето за границата Мидија-Ергене-Енос му дадов на знаење дека јас сум Бугарин..."
Оригинален ръкопис: "Дневник (05.VII. – 30.VIII.1913)"
Източник: Сканирана от оригинален екземпляр
Автор: Роденият в Ениджевардарското село Постол Кръстьо Петков Мисирков (1874-1926) е български публицист и ранен македонист. Заради една част от публикациите си, в които той изразява явни македонистки и просръбски възгледи, Мисирков е считан за национален герой в Р. Македония, където официалната доктрина е македонизма, за чийто основни идеолози се считат сръбските учени Новакович, Цвийч и Белич.
За повече информация за автора тук